ПОВЕЌЕ ГРОБОВИ ОТКОЛКУ ЗГРАДИ И КУЌИ – глетката во овие турски градови е трогателна, особено од предметите што ги има до гробовите на овие деца! (ФОТО)

Турција веќе две недели е центарот на светот по разорниот земјотрес кој се случи на 6 февруари рано утрото.

Бројката на жртви надмина 45 илјади, а жителите од погодените подрачја секојдневно ги закопуваат своите блиски на празните парцели надвор од градовите.

На гробиштата во провинцијата Кабасакал се погребани 418 лица кои не успеаја да се спасат од под урнатините.

Видео камерите на новинската екипа IHA забележале како на некои од гробовите има фотографии за препознавање на починатите, кај други нивните блиски оставале дресови од нивните омилени клубови, додека најемотивните кадри се оние каде има детски колички или капа која ја носело момчето на својот сунет.

 

Гробиштата во секој дел од денот пренесува агенцијата дека се полни со луѓе кои не можат да ги прежалат прерано починатите свои членови од семејствата.

На гробиштата била и една млада девојка која го барала гробот на својата учителка која многу ја сакала, а животот го загубила во потресот пред две недели, но за жал не можела да го пронајде нејзиното вечно почивалиште…

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *