Повеќето украински бегалци кои пристигнаа во Белгија останаа во земјата

Деведесет отсто од украинските бегалци кои пристигнале во Белгија останале во земјата, според бројките цитирани во локалните медиуми една година по почетокот на војната во Украина.

Забележано е дека 63 илјади Украинци се засолнети во Белгија, а дневно пристигнуваат меѓу 50 и 100 нивни сонародници. Украинците добиваат од белгиските социјални служби околу 1.000 евра месечно за основни трошоци.

Белгија беше меѓу првите земји што обезбеди воена помош за Украина. Обезбедената белгиска воена и хуманитарна помош е еднаква на 0,5 отсто од националниот бруто домашен производ, неодамна прецизираа локалните власти.

Медиумите забележуваат дека белгискиот бизнис се уште не е повлечен од Русија. Се објаснува дека некои од компаниите одлучиле да не заминуваат, некои го чекаат развојот на војната, а други се уште не успеале да ги затворат своите активности во земјата. Вкупно, во Русија има околу 240 белгиски компании, а од почетокот на војната нивниот број не е значително променет, додаваат медиумите. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *