Приведен белгиски европратеник

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше приведен во врска со истрагата „Катаргејт“ за корупција во Европскиот парламент во корист на Мароко и Катар. Тој ќе биде сослушан од обвинител, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството.

Домот на Тарабела бил претресен во декември минатата година, кога биле приведени поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Кајли, нејзиниот партнер Франческо Џорџи, таткото на Кајли, европратеникот Антонио Панцери и Николо Фига-Таламанка, шеф на невладина организација. Тарабела постојано го изразуваше своето очекување да биде испрашуван и останува на ставот дека е невин. Имунитетот на Тарабела и неговата колешка Андреа Коцолино беше укинат од ЕП на почетокот на февруари.

Ева Кајли, Франческо Џорџи и Антонио Панцери остануваат во затвор, а Фига-Таламанка неодамна беше пуштен на условна слобода.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *