Работел како пица мајстор, а полицијата го барала со потерница цели 16 години – уапсен член на моќна мафија

Италијанецот Едгардо Греко, за кој се верува дека е член на моќната калабриска мафија Ндрангета, е уапсен денеска во Сент Етјен, Франција, по 16 години во бегство, соопшти Интерпол.

Тој се криел во францускиот град најмалку три години работејќи како пица мајстор.

Шеесет и тригодишниот маж осуден на доживотен затвор во Италија, француската полиција го уапси благодарение на информациите добиени од италијанска страна, а двете земји споделуваат информации врз основа на проектот за соработка на Интерпол против Ндрангета.

Тој е уапсен околу 1 часот и 40 минути утринава во улица во градот.

Едгардо Греко (63) попладнево се појавил пред обвинителот во Лион кој официјално го известил за налогот за апсење издаден од италијанските власти. Тој рече дека одбил да биде предаден на италијанските правосудни власти, по што е ставен во притвор.

-Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси на Твитер го изрази своето задоволство што апсењата на опасните бегалци продолжуваат благодарение на заедничката работа и меѓународната соработка на полициските сили, пренесува Бета-Франс прес.

Според сведоштвата и документите што ги видел францускиот печат, тој живеел под името и се претставувал како Паоло Димитрио и работел во неколку италијански ресторани во Сент Етјен.

Обвинителството во Катанзаро, Калабрија, издало европска потерница против него во 2014 година, откако бил осуден на доживотен затвор за убиствата извршени во јануари 1991 година и обид за убиство во јули 1991 година.

Неговото апсење дојде една недела по големата полициска операција против мафијата во Калабрија. Во таа акција учествувале околу 300 припадници на безбедносните сили, кога конфискувале стока вредна над 250 милиони евра. На стотици членови на таа организација моментално им се суди.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *