Работен состанок со Штабот за превенција на Општина Струга

Денес, во големата сала на Општина Струга, под организација на Градоначалникот и по барање на Командирот на полициската станица во Струга, се одржа работен состанок со повеќе институции, кои се директно вклучени во справувањето со општата ситуација во нашата општина.

На овој состанок присуствуваа: Директорот на ЈП Водовод и Канализација, Директорот на ЈП Комунално, Директорката на ЈП ЕКО Струга, Директорот на Градската Болница, Командирот на ТППЕ Струга, Директорот на Центарот за социјални работа Струга, претставници од ЈП Шуми на Македонија во Струга, претставници од Дирекцијата за заштита и спасување во Струга, претставник/советник од Советот на Општина Струга, комунален инспектор и претставник од одделението за туризам при нашата општина, додека на овој состанок отсуствуваа претставници на Црвениот Крст во Струга, поради објективни причини.

Ова средба имаше за цел да се идентификуваат проблемите или недостатоците и да се утврдат мерки за решавање или отстранување на тие проблеми, особено сега со почетокот на туристичката сезона.

Самиот состав на овој штаб подразбираше дека се дискутираше за проблемите со сообраќајот, особено во градот, за можните пожари кои можат да се појават за време на суши или високи температури, за злоупотребата со водата за пиење и со техничката вода, за негативните социјални пороци како што се просјачењето и просјаците, за паркинзите и нивно регулирање во градот, за здравствените аспекти или за јавното здравје во овој период и за надлежностите на комуналните инспектори.

Дискусиите на присутните беа многу конструктивни, па затоа овој штаб донесе неколку заклучоци, кои во следните денови ќе се трансформираат во конкретни мерки за решавање на проблемите, кои ќе се почитуваат од сите вклучени страни:

• Да се формираат работни групи за надзор на предложените мерки на оваа средба,

• Да се заштити патната инфраструктура за време на изградба на различни објекти за индивидуално и колективно домување од неовластеното сечење на асфалтот и блокирањето без дозвола на улиците и уличките,

• Да се спречи злоупотреба на питката и техничката вода со цел снабдување на граѓаните и бизнисите,

• Да се спречи уништувањето на урбаната опрема во градот (клупите, кошничките за отпадоци, сообраќајните знаци итн.),

• Да се контролира и спречи потпалувањето на пожари во урбани, рурални или шумски средини,

• Да се отстранат пречките поставени на улиците и тротоарите заради слободен проток на пешаци,

• Да се отстранат возилата кои се хаварисани и кои стојат на улиците и уличките и го пречат сообраќајот,

• Да се регулира местоположбата или местото за продажба на овошје и зеленчук на главните сообраќајни оски во градот и периферијата (особено оние што продаваат лубеници),

• Да се регулира пристапот на возилата на Брзата Помош и Пожарникарите во случај на здравствена итност или друга несреќа во блокираните улици од неодговорни граѓани,

• Да се подигне граѓанската свест за заштита на животната средина и јавниот имот преку промотивни кампањи,

• Да се обврзе комуналниот инспекторат преку овластените инспектори да биде на терен во секое време заради превенција или решавање на проблемите во нивната надлежност.

Истовремено, апелираме до сите наши граѓани да покажат висока граѓанска култура во секојдневните интеракции, ги повикуваме возачите да бидат одговорни и да ги почитуваат правилата за сообраќај и да не паркираат на тротоари и зелени површини, да не го блокираат сообраќајот без причина и така сите заедно, ние и вие, да создадеме позитивна атмосфера за граѓаните и за туристите и иселениците кои ќе останат за време на туристичката сезона во Струга.

Со почит,

Штабот за превенција на Општина Струга

ОСТАНАТИ ВЕСТИ