Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Лукесмбург

Просечните бруто трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работната сила има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург.

Работник во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург 50,7 евра, Данска 46,8 евра и Белгија 43,5 евра, соопшти Евростат.

Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани изснесувале 30,7 евра, во градежништвото 27,3, а во услужните дејности 30,2 евра.

Во пресметаката на трошоците за работна сила се вклучени две главни компоненти – платите и социјалните придонеси што ги плаќаат работодавачите за работниците.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *