Почитувани риболовци, членови и симпатизери на Риболовното Друштво „Карп Фиш“ Лабуништа, со голема радост ве известуваме за една важна вест!
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство неодамна објави јавен оглас за доделување концесија за риболовниот ревир кој го опфаќа течението на реката Црн Дрим, нејзините притоки, како и акумулацијата Глобочица. Со гордост ви соопштуваме дека токму нашето друштво е добитник на оваа концесија.
Оваа значајна победа е резултат на заедничката посветеност, труд и поддршка од сите вас – нашите членови и симпатизери.
Со оваа концесија, се обврзуваме да го унапредиме риболовот во овие ревири, да ја зачуваме нивната природна убавина и да продолжиме со развојот на спортскиот риболов.
Со почит,
Риболовно Друштво „Карп Фиш“ Лабуништа