Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд вечерва, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 32 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 29 километри западно од Велингтон, вториот по големина град во Нов Зеланд.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.