Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 10°C Струга 10°C Пријави вест
Свет

Силен земјотрес ја погоди Русија, се тресеше со 6,3 степени

Објавено: · 1 мин читање
Силен земјотрес ја погоди Русија, се тресеше со 6,3 степени

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот  се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.