Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе Албанија во 13 часот и 40 минути. Епицентарот бил на 14 километри од Скадар, а на 57 километри од Подгорица.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Имало многу коментари за земјотресот од Албанија и од Црна Гора, а бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.