Сирија побара помош од ЕУ за отстранување на последиците од разорниот земјотрес

По Турција, Сирија побара помош од Европската унија за отстранување на последиците од разорниот земјотрес што ги погоди двете земји, соопшти денеска еврокомесарот Јанез Ленарчич и ги охрабри земјите-членки на ЕУ да пружат помош.

„Утрово добивме барање за помош од сириската влада преку механизмот за цивилна заштита. Тоа барање го споделуваме со земјите-членки на ЕУ и ги охрабруваме да ја дадат бараната помош“, рече Ленарчич, кој е задолжен за управување со кризи.

Ленарчич додаде дека е важно да се осигура дека таа помош оди кај луѓето на кои им е потребна и да не се пренасочува, како и дека ЕУ ќе ја надгледува.

Властите во Дамаск се под меѓународни санкции од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *