Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по церемонијата на потпишување на Финансискиот договор за пакетот енергетска поддршка за Србија од 165 милиони евра од Европската унија, изјави дека Србија многу зависи од ЕУ и дека без неа не може да оди напред.
Финансискиот договор за пакетот енергетска поддршка на Европската унија за Србија вклучува помош во износ од 165 милиони евра, за полесно државата да се справи со актуелната енергетска криза.
Договорот го потпишаа министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ и заменик-шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Пламена Халачева, а присуствуваа и министерот за финансии Синиша Мали, министерот за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ и генералниот директор на „Електромреза Србије“ Јелена Матејиќ.
Емануел Жиофре по потпишувањето на финансискиот договор за пакетот енергетска поддршка на Србија, рече дека што и да прави ЕУ на енергетска смисла, во тоа е вклучен и Западниот Балкан. (МИА)