Стотици климатски активисти го блокираа центарот на Хаг

Стотици климатски активисти блокираа еден од главните патишта во Хаг, во знак на незадоволство за ограничувањата што се наметнуваат врз правото на демонстрации. Демонстрантите, кои се собраа во близина на привремениот дом на холандскиот парламент, вееја знамиња со симболот на еколошката група „Бунт за истребување“. Тие бараат ослободување на шест активисти на здружението кои беа приведени од властите, под сомнение за побуна при организирање на протестот.

Апсењата предизвикаа немири меѓу активистите кои тврдат дека тоа го нарушува нивното право на мирни протести. Обвинителите ја бранеа својата постапка, велејќи дека осомничените ги повикувале поддржувачите да учествуваат во опасна и вознемирувачка блокада на патот. Активистите на Еxtinction Rebellion, сепак, ветија дека ќе продолжат со своите протести во кои бараат прекин на владините даночни олеснувања за компаниите поврзани со фосилни горива.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ