Страшна сообраќајка во Италија: Автомобил се заби во патарина, има загинати (ФОТО)

Најмалку три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на наплатната рампа А12 во Ливорно. Меѓу повредените има и едно дете.

Страшната несреќа се случила на наплатната рампа на автопатот А12 во Росињано, во областа Ливорно.

Вклучени се најмалку три автомобили

Според достапните информации автомобилот со голема брзина удрил во две возила во колона, се превртел и сериозно ја оштетил конструкцијата на наплатната рампа.

Загинаа три лица

Двајца сопатници од возилото кое удрило во другите возила и еден од сопатниците кои се возеле одзади. Уште пет лица се тешко повредени, меѓу кои и едно дете.

На местото на настанот, покрај пожарникари и полиција, имало и неколку возила на брза помош и еден хеликоптер, јавува L’Unione Sarda.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ