Струга за Кочани: Сите сме криви за прегратките шо фалет!

Сите сме криви за прегратките шо фалет!

Транспарент со ваква порака на макдонски и албански јазик осамна синоќа на еден од мостовите на реката Црн Дрим во Струга, во знак на поддршка на семејствата на настраданите во големиот пожар во Кочани.

Стружани на овој начин го кренаа гласот и бараат системски решенија во секоја област кои ќе доведат до јасни и применливи правила кои ќе оневозможат вакви трагедии да се случуваат во иднина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ