Во месноста Оџак е пронајдено безживотното тело на 22-годишниот Адмир Пузиќ по кој се трагаше неколку дена.
-Се уште не се знае точната причина за смртта, пренесува Српскаинфо.
Како што претходно објави Кликс, полициската управа на кантонот Посавина добила пријава за исчезнувањето на 22-годишниот Адмир Пузиќ од Оџак на 8 јануари годинава. Ден подоцна, откако поминале 24 часа, по него е започната потрага во која учествувале и кучиња трагачи од Тузла.
-Телото на исчезнатиот Адмир Пузиќ е пронајдено денеска околу 13 часот на улицата Босанска во Оџак. За настанот е известен и дежурниот обвинител и ќе се изврши увид на местото на инцидентот, по што ќе биде донесена одлука за понатамошни мерки и дејствија, соопшти портпаролот на полицијата, Зденко Ќубел.
Времето и начинот на смртта ќе бидат познати подоцна, пренесува Кликс.