Мајка, татко и син, кои беа под урнатините на зграда по земјотресот во Кахраманмарас, Турција, се спасени по 138 часа.
Спасувачките тимови се тркаат со времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот и по поминати седум дена.
Спасувачите слушнале гласови од под урнатините на зградата ја интензивирале акцијата и по неколку часа успеале да ги спасат таткото Џелал Ташан, неговата сопруга Јасемин и нивниот син Енсар.
Сите тројца по спасувањето биле пренесени во болница.