Телефонски разговор Остин-Резников, посветен на ветените тенкови Абрамс

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин телефонски разговараше со украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников. Цел на разговорот била преземената обврска на САД за испорака на тенковите Абрамс на Украина.

Разговорот меѓу двајцата министри, исто така, претставува продолжение на минатонеделната средба на Контакт група за одбрана на Украина, која испорача досега невидено ниво на донации од сојузниците и партнерите.

Секретарот Остин и министерот Резников разговараа и за ситуацијата на теренот во Украина и се обврзаа да останат во близок контакт, се наведува во соопштението на американското Министерство за одбрана.

Американскиот претседател Џо Бајден, на вчерашната прес-конфренција, најави дека САД ќе испратат 31 тенк „Абрамс“ во Украина, потенцирајќи дека помошта е наменета за да и се помогне на Украина да ја одбрани и заштити својата земја.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *