ТЕШКА НОЌ: Земјотрес од 7,8 степени ги тресеше Турција и Сирија, најмалку 138 загинати

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала синоќа околу 2 часот е регистриран во Турција во близина на границата со Сирија.

Според првичните информации на светските агенции, бројот на загинати во двете земји е најмалку 138, а бројот се смета дека не е конечен.

Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби соопшти дека најмалку 76 лица се загинати во седум турски провинции, додека повредени се над 440.

Спасувачките екипи и граѓани волонтери без престан трагаат по преживеани под рушевините во повеќе градови.

Во еден турски град, десетна луѓе се обидуваат да поместат големо парче бетон и метал за да спасат луѓе кои се под нив.

Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал и во Каиро, бил северно од Газиантеп во подрачјето на околу 90 километри од границата со Сирија.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи напиша дека во подрачјата погодени во земјотресот, веднаш се испратени спасувачки екипи.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *