ТЕШКА СУДБИНА ЗА ДЕВОЈЧЕТО КОЕ МУ ЈА ЧУВАШЕ ГЛАВАТА НА БРАТЧЕТО ПОД УРНАТИНИТЕ – храбрата мала Сиријка се соочува со пекол! (ВИДЕО)

Две деца (брат и сестра) беа спасени по поминати 36 часа под урнатините во Сирија. На социјлните мрежи се појави снимка од спасувачит кои ги извлекуваат од срушената куќа.

Додека се бараше најдобриот пат за да им се пристапи, спасувачите ги охрабрувале децата да бидат силни и да не плачат.

Медиумите веднаш објавија дека девојчето кое се вика Мариам има 7 години , за сето време го галела помалото братче Илаф по косата и со раката му ја штитела главата.

See How The Love of a Sister For His Brother is being Shown💚#Turkey #Syria #earthquakes pic.twitter.com/JS0WVbzjRw

— Nazim Khan (@youknownazim) February 7, 2023

Светските медиуми минатата недеа пренесоа дека во еден момент девојчето тивко му кажало на човекот да ја спаси од урнатините.

-Извлечиме од тука, ќе направам се за тебе. Ќе ти служам, му рекло исплашеното девојче, на што спасувачот одговорил „Не, не“.

Во меѓувреме светските медиуми пишуваат дека состојбата на девојчето е влошена по добиената рана на ногата од под рушевините.

„Братот и сестрата се единствени преживеани во семејството, а раната на нејзината нога е сериозна. Џинан може никогаш да не оди како претходно, нема да лажам. Ако раната не зарасне може ќе бидеме приморани да ја ампутираме нејзината нога“, вели нејзиниот лекар Ваџи Ел Карат.

Инаку за неа и нејзиниот брат ќе се грижат нејзиниот чичко и стрина откако останаа сираци во земјотресот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *