Тлото не мирува – 50 земјотреси во Романија

Во Романија веќе трет ден се регистрираат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени.

Само од вчера попладне, од најсилниот што се почувствува дури и во Македонија, до утринава, во Романија се регистрирани вкупно 50 земјотреси, од кои повеќето биле со послаб интензитет.

Романските служби за итни случаи вчера извршиле увид на терен по дојава дека има пукнатини на некои згради, но констатирале само помали оштетувања.

Експертите сметаат дека земјотресите во Романија не се поврзани со смртоносниот земјотрес што пред една недела ја опустоши источна Турција и северна Сирија.

Романија, која е на неколку раседи, е меѓу европските земји најподложни на земјотреси. Во март 1977 година, главно во Букурешт, во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа повеќе од 1.570 луѓе, а беа повредени 11.000, а потоа беше обновен голем дел од главниот град на Романија, но со многу подобар квалитет.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *