ТУРЦИЈА ОД ВОЗДУХ КАКО ГРАД НА ДУХОВИ – за неколку секунди исчезнаа цели населби!

Она што се случи на 6 февруари 2023 година на границата меѓу Турција и Сирија, никој не можеше да го замисли ниту во својот најлош кошмар. Два силни земјотреси кои го погодија тој регион на Азија ги уништија животите на жителите за неколку секунди.

Во превод би можеле да кажеме од надеж до очај, од среќа до трагедија. Многу сириски бегалци кои најдоа засолниште од бомбите, милитантите и насилството во соседната земја во Турција, повторно беа мета на трагедија. Овој пат во урнатините исчезнаа цели семејства кои избегаа од куршуми и колење. Некои преживеаја, но многу загинаа.

Од друга страна, од понеделник сме сведоци дека многу катни згради од три до речиси 14 ката се урнаа, веќе ги нема. Паднаа како кула од карти. Некои населби станаа урнатини, прашина и пепел.

Дека некогаш имало живот таму сведочат улицата, урнатините и спасувачите кои во трка со времето се надеваат дека има малку живот под купот урнатини и бетон.

The buildings destroyed after the #earthquake in Kahramanmaraş were viewed from the air. #deprem #Kahramanmaras #Turkey #Elbistan #TurkeyEarthquake #PrayForTurkey #antireport pic.twitter.com/6bPE1yyAE3

— Partizan Yunanistan (@partizanGreece1) February 7, 2023

Според непристрасните проценки, повеќе од 6.000 згради се уништени во оваа земјотресна зона. Најтешко е погодена турската провинција Хатај, од која преку копнен, воздушен и железнички пат се евакуирани повеќе од 28.000 луѓе.

The number of victims of the earthquake in #Syria has reached 237 people, 639 injured.

According to preliminary data, there are also victims among #Armenia|ns. #Earthquake pic.twitter.com/kvWE2nblki

— David Galstyan (@Aeternum7) February 6, 2023

Освен сликите, уште пострашни се воздушните снимки кои не се направени од сателити, туку со дронови, кои ги доловија размерите на оваа катаклизма.

The destroyed building in Adana’s Huzurevleri Neighborhood was viewed from the air.#collapses #Sanliurfa #deprem #Idlib #Syria #DEPREMOLDU #TurkeyEarthquake #Turkey pic.twitter.com/H8DwS0iv9C

— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *