Украина: Проектил погоди станбена зграда во Харков, едно лице загина

Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов.

„Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм.

Засега нема информации колку лица се повредени.

Службите за итна помош се на терен, за кои Синехубов рече дека им пружаат помош на жртвите. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *