УТРЕ ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ООУ „МУРАТ ЛАБУНИШТИ“

Утре, 1 септември, со почеток во 11:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Мурат Лабуништи“ во Лабуништа, ќе се одржи свечениот прием на првачињата.

Најмладите ученици ќе го започнат своето училишно патување, исполнето со нови знаења, другарства и убави моменти.

На сите првачиња им посакуваме среќен и успешен почеток на новата учебна година!

ОСТАНАТИ ВЕСТИ