Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки на својот профил на социјалните мрежи сподели информација за урнатата зграда. Тој наведува дека зградата била изградена пред 36 години и додава дека како резултат на првичните истраги, било утврдено дека незаконски биле доградени еден и пол кат
Едно лице е загинато, а најмалку осуммина се повредени при уривање на зграда во истанбулскиот кварт Кучукчекмез. Причината за уривањето на трикатницата сѐ уште не е позната, а на местото на несреќата се излезени надлежни полициски, медицински и спасувачки екипи.
Досега, од извлечените лица од под уранатините, четворица се испратени во болница.
„Во моментов тимовите за пребарување и спасување продолжуваат да ги пребаруваат урнатините“,изјави гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул.
Турскиот медиум „Хуријет“ пренесува дека во истрагата што ја покренало главното јавно обвинителство Кучукчекмеџе, сопственикот на зградата Хаџи Мурат Генчтурк е приведен под обвинение дека од невнимание предизвикал смрт и повреди.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, кој беше на местото на урнатата зграда, рече дека е покрената истрага и оти се назначени тројца обвинители и еден главен граѓански инспектор.
Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мехмет Ожасеки на својот профил на социјалните мрежи сподели информација за урнатата зграда. Тој наведува дека зградата била изградена пред 36 години и додава дека како резултат на првичните истраги, било утврдено дека незаконски биле доградени еден и пол кат.
Ожасеки додава дека при првичните увиди на лице место било дознаено дека зградата, која е направена во 1988 година, е изградена без да се почитуваат архитектонски и инженерски стандарди, при изградбата е користен морски песок, а и во подоцнежните фази имало интервенции кои ја нарушиле статиката на зградата.
„Нашите тимови продолжуваат со истрагите на терен и ги следиме случувањата од момент во момент“,вели Ожасеки.
Од уривањето на зградата се оштетени и возила кои биле паркирани во близина, а оштетен е и автобус.