(Видео) Први снимки од земјотресот во Босна и Херцеговина: на некои места снема струја, се урна дел од фасада

Eпицентарот на земјотресот беше регистриран во близина на Зеница, се појавија првите информации за материјална штета,пренесуваат босанските медиуми.

Неколку минути по земјотресот дошло до прекин на струјата во Немила. Освен во Немила, струја снемало и во некои месни заедници во самата Зеница.

Исто така, поради одрон на главниот пат предизвикан од земјотресот, се случи сообраќајна несреќа во Јелина, поради што сообраќајот е целосно прекинат.

Покрај тоа, во центарот на Зеница поради земјотресот се урна фасадата на една од постарите згради.

Освен материјална штета, засега нема информации за повредени граѓани.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ