[ВИДЕО] Се прегрнале пред да ги однесе водата – Италија трага по тројца млади луѓе кои исчезнаа

Младо момче и две девојчиња биле однесени од водата по излевањето на реката Натисоне во провинцијата Удине во Италија, и им се губи секаква трага.

Како што пишува локалниот портал „Удине тудеј“, станува збор за 21-годишна Италијанка и двајца млади луѓе со романско потекло. Засега не е утврдено зошто и како тројцата авршиле во реката.

Спасувачките служби трагаат по нив, но безуспешно.

Нивото на водата на реката порасна за неколку минути, пишува порталот. Како што покажува последното видео, тројцата се гушнале, но струјата ги однела. Спасувачите се обиделе да им пријдат со кран и да им фрлат јаже за да ги спасат, но не успеале. Недолго потоа им се губи секаква трага.

„Јас не сум од овде, но мештаните многу добро знаат дека не треба да се игра со реката во услови како овие бури“, изјави еден од сведоците за порталот.

„Тоа е прекрасна река, но и опасна, водата може да достигне и до 5 метри“, додаде тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ