ВИДЕО: Секогаш има надеж, премрзнато девојче спасено по 150 часа под рушевините

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа објави видео од девојче кое е извлечено живо од урнатините во спасувачка операција со порака: „Секогаш има надеж“.

Членовите на спасувачкиот тим го спасија девојчето од урнатините на зградата во Хатај, една од десетте провинции погодени од разорните земјотреси.

На видеото може да се слушне разговорот меѓу девојчето и здравствените работници додека ја носат на носилки. Се гледаше како малото девојче се тресе од студ.

Спасувачите славеле откако девојчето било извлечено и спасено.

Бројот на загинати во земјотресите во јужна Турција се зголеми на 24.617, соопшти турскиот потпретседател Фуат Октај.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *