Видео:Град во Турција срамнет со земја во потресот

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем дел од земјата и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.

Неколку часа подоцна, околу 13 часот и 30 минути по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.500, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона. Истоимениот град беше речиси целосно срамнет со земја.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ