Во ЕУ откриен шифриран систем за пораки, уапсени 42 лица

Полицијата во неколку земји од Европската унија открила шифрирана апликација за пораки што ја користеле криминалните банди, соопшти вечерва холандската полиција, додавајќи дека се уапсени 42 лица и дека биле откриени лаборатории за производство на дрога, лекови, пари и оружје.

Рации биле спроведени во Белгија, Германија и Холандија по повеќе од две години истрага, што почнала во септември 2020 година и доведе до исклучување на тајниот систем за пораки Exlu Messenger.

Холандската полиција соопшти дека истражителите пристапиле до податоците на оние шифрирани пораки што ги користеле криминалците и на тој начин можеле да ги читаат нивните пораки во изминатите неколку месеци.

Во таа истрага учествуваа полиции од Франција, Италија и Шведска, како и Европската полициска служба (Европол) и Европската агенција за судска соработка.

Полицајците пронајдоа две лаборатории за дрога, фабрика за преработка на кокаин, како и неколку килограми дрога, четири милиони евра готовина, луксузни предмети и оружје.

Апликацијата Exlu Messenger ја користеле околу 3.000 луѓе, од кои околу 750 зборувале холандски. Таа апликација била инсталирана на паметни телефони и чинела 800 евра за шест месеци.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *