Бројот на критично болни лица од коронавирусот во Кина е намален за 72 отсто во однос на врвот на епидемијата на почетокот на месецот, а бројот на починати за 79 отсто, соопшти денеска Центарот за контрола и превенција на болести. Еден од водечките научници во земјата рече дека 80 отсто од 1,4 милијарди жители на Кина биле заразени и оти не очекува голем бран на Ковид-19 во следните два до три месеци.
Во декември, Кина нагло ја укина политиката за нулта ковид, по што ширењето на инфекцијата се разгоре, достигнувајќи го својот врв на 4 јануари со 128.000 нови инфекции, пред бројот да падне на 36.000 на 23 јануари. Ширењето на Ковид-19 се случи по укинувањето на ограничувањата во пресрет на кинеската Лунарна Нова година.
Смртните случаи го достигнаа врвот на 4 јануари со 4.273 смртни случаи, а до 23 јануари тој број падна на 869. Хоспитализациите се намалија за 96,2 отсто, од 2.867 милиони на 22 декември на 110.000 на 23 јануари.
Откако беше укината политиката на нулта ковид, властите во Кина на 12 јануари објавија дека починале речиси 60.000 луѓе.