ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД ЛАБУНИШТА УЧЕСНИК НА 27-теРЕГИОНАЛНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО МАКЕДОНСКИБРОД

Здружението на пензионери од Лабуништа, едно од седумте
здруженија на пензионери од четвртиот регион, кое зеде учество во
спортските пензионерски натпревари, петнаесет лабунишки пензионери
се натпреварува во седум дисциплини, во јаката конкуренција со ЗП
Струга,ЗП Охрид и Дебарца, ЗП Дебар и Центар Жупа, ЗП Кичево и како
домаќин ЗП Македонски Брод.
На свеното отв орање свое обраќање имаше и претседателката на
СЗПМ Станка Трајкова, откако ги поздрави присутните, потсети дека ЗП
Македонски Брод е домаќин на овие спортски пензионерски натпревари
која ги прогласи за отворини 27-те Регионални пензионерски спортски
натпревари 2023.
Екипта на ЗП Лабуништа, која е предводеше претседателот на
здруженијето Лутвија Салоски, кој и самиот зеде учество во натпреварите,
постигнаа добри резултати и тоа: Андре Пајкоски, го освои второто место
во фрлање ѓуле, Мавмуд Беќироски исто така го освои второто место во
натпревар со Домино, Екрем Мемиши второ место во трчање и трето
место во скок од место во далечина го освои Нусрет Бајрамоски.
На крајот од натпреварот по заедничкиот ручек во прекрасниот
амбиент на етно ресторанот мотел „Пешна“ ЗП Лабуништа се закити со
уште една Благодарница за учество на 27-те Регионални пензионерски
спортски натпревари од страна на организаторот Сојузот на пензионери на
Македонија.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ОСТАНАТИ ВЕСТИ