Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Свет

Зеленски: И денес рамнодушноста и омразата убиваат

Објавено: · 1 мин читање
Зеленски: И денес рамнодушноста и омразата убиваат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја.

-Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат зло, истакна Зеленски.

Тој повика „земјите во светот да ја надминат рамнодушноста за да има помалку простор за омраза“.

Зеленски во видеообраќањето не ги именуваше Русија и руската армија. (МИА)