Зеленски: Русија се обидува да ја развлече војната, ситуацијата е тешка

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави синоќа дека Русија се обидува да ја продолжи војната и дека Украина треба да ги забрза настаните и снабдувањето со оружје.

„Денеска се одржа уште еден состанок на државниот воен врв. Главниот фокус е, се разбира, ситуацијата на фронтот. Пред сè, во регионот Доњецк и во јужните правци. Ситуацијата е многу тешка. Бахмутски, Вугледарски и други правци во регионот на Доњецк се под постојани руски напади. Има постојани обиди да се наруши нашата одбрана. И покрај бројните загуби во жива сила, непријателот одржува висок интензитет на напади“, рече Зеленски.

Тој истакна дека е многу важно да се одржи „динамиката на одбранбената поддршка“ на украинските партнери, а брзината на снабдување со оружје „била и ќе биде еден од клучните фактори во војната“.

„Русија се надева дека ќе ја продолжи војната, ќе ги исцрпи нашите сили. Затоа времето мора да го направиме наше оружје. Треба да ги забрзаме настаните, да го забрзаме снабдувањето со оружје. Оваа недела имавме добри резултати со САД, Германија, Полска, Канада, Белгија, Норвешка, Италија… Мораме да ја направиме следната недела подеднакво успешна за нашата одбрана“, истакна Зеленски.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *