Недела, 8 ноември 2026 недела, 8 ноември Струга 12°C Струга 12°C Пријави вест
Свет

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Грузија

Објавено: · 1 мин читање
Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Грузија

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Грузија, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг.

Епицентарот на земјотресот бил седум километри источно од градот Озургети, кој е центар на регионот Гурија, пренесува „Интерфакс“.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.