Земјотрес во Грција

Земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот, кој се случи утринава во 07:28 часот, бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18 километри, пренесува Катимерини.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), во моментов нема извештаи за материјална штета или евентуални жртви. (МИА)

Можеби ке те интересира




This will close in 0 seconds

Generated by Feedzy