Свет

Уапсениот американски новинар Еван Гершкович останува во притвор во Русија

Судот во Москва денеска одлучи американскиот новинар Еван Гершковиќ, кој беше уапсен под обвинение за шпионирање, да остане во затворот во Лефортово до 29 мај. Гершкович (32), вработен во американскиот весник „Волстрит журнал“,беше уапсен од руските власти во градот Екатеринбург, источно од Москва, под обвинение за шпионажа. Гершкович денеска се појави пред судот во Москва […]

Свет

Во Судан договорено 24-часовно примирје

Ривалските судански команданти се согласија на 24-часовно примирје, почнувајќи од вечерва, соопшти војската, откако американскиот државен секретар Антони Блинкен ги повика двете страни по жестоките борби во Картум во кои беше пукано врз американски дипломатски конвој. Примирјето ќе започне во 18 часот и нема да трае подолго од договорените 24 часа, изјави воениот генерал Шамс […]

Балкан

Хил: Нема да се откажеме додека ЗСО не стане реалност

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави денеска дека формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО) на Косово мора да биде клучен елемент број еден во спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, јави дописникот на МИА од Белград. -Сите посредници во преговорите велат „колку побрзо – толку подобро“, изјави Хил […]

Балкан

Анкета: Голем број млади Срби се изложени на сексуално вознемирување

Во најновата анкета за ризично однесување, сексуално вознемирување и изложување на млади луѓе на сексуална содржина на интернет се наведува дека српските средношколци во голема мера испраќаат и примаат сексуални содржини преку интернет, 27,5 отсто од испитаниците добиле сексуална содржина од личност која не ја познаваат, додека 24 проценти таква содржина добиле од личност која […]

Балкан

Брутално насилство во Србија: Бебе исечено од стакло додека татко

Полициски службеници во Србија во соработка со третото основно јавно обвинителство вчера го привеле С.С.(33) поради семејно насилство. Во алкохолизирана состојба отишол кај поранешната сопруга Ј.Г.(32) во Бољевци каде почнал да ја малтретира. Ја удрил по глава и се заканил дека ќе ја убие. Осомничениот ја нападнал и 54-годишната мајка на поранешната сопруга, која се […]

Балкан

Дачиќ оди во Стразбур за да се обиде да го

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе присуствува на денешната седница на Советот на Европа (СЕ), иако изјави дека нема да патува во Стразбур, поради најавата дека Косово ќе биде примено во таа институција, јави дописникот на МИА од Белград. Од Министерството за надворешни работи за агенцијата Бета потврдија дека министерот Дачиќ ќе […]

Балкан

Обид за палење српска црква во Призрен

Непознати сторители во понеделникот вечерта се обиделе да ја запалат црквата „Свети Пантелејмон“ во Призрен, која беше опожарена за време на погромот на Србите на Косово во 2004 година, но, за среќа, успеале да ја оштетат само вратата од црквата, пренесува српски „Телеграф“. Според трагите од предизвиканата штета, очигледно е дека врз вратата од црквата […]

Свет

Во Украина пристигнаа словачките авиони МиГ-29

Словачка ги испорача своите 13-те авиони ловци МиГ-29 во Украина, потврди словачкото Министерство за одбрана, а Братислава доби попуст за купување американски хеликоптери како награда за овој потег. – Трансферот е извршен со највисоки безбедносни мерки. За разлика од нашиот сосед, ние немавме корист од овие авиони, изјави словенечкиот привремен министер за одбрана Јарослав Над. […]

Свет

Европскиот парламент ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Свеченото потпишување ќе се одржи утре, а на него, како што соопштија во Стразбур, ќе присуствува и вицепремиерот на Владата на Косово, Бесник Бислими. Новите правила ќе им овозможат на сопственици на косовски […]

Свет

Полска и Украина ги продолжуваат преговорите за продолжување на коридорот

Полска и Украина денеска ќе ги продолжат преговорите за да се обидат да го рестартираат транзитот на храна и жито, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус за државната радио станица PR1. Двете земји вчера разговараа за забраните од земјите од Централна Источна Европа кои сакаат да ги заштитат своите земјоделци од влијанието на приливот […]