Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа 10 минути по полноќ е регистриран во Босна и Херцеговина. Епицентарот на земјотресот бил на 55 километри северозападно од Тузла. Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Земјотресот се почувствувал и во источниот дел на Хрватска.
Во познат синџир супермаркети во Неготин настана општ хаос поради, верувале или не, месо. На социјалните мрежи се појави и снимка од тепачката меѓу граѓани на која се гледа како луѓето го грабнуваат и грабнуваат пакуваното месо во картонските кутии. И постарите и помладите граѓани можат да се видат на видео кое стана вирално на […]
Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде на 6 мај, а кралското обезбедување ја планира најголемата безбедносна операција поради страв од напади на еко-активисти, терористи и анархисти. „Заканата сега е поголема отколку што беше во последните 50 години“, рече поранешниот шеф на Кралската безбедност, Даи Дејвис, според „Мирор“. Инаку, одвоените протести на групата „Република“ […]
Полска забрани увоз на жито и друга храна од Украина со цел да го заштити својот земјоделски сектор. Големи количества украински жито, што е поевтино од тоа што е произведено во Европска Унија, заврши во Полска и други централноевропски земји, што доведе до намалување на цената и ја погоди продажбата на локалните земјоделци. Тоа создаде […]
Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во главниот град на Виетнам, Ханој, изјави дека протекувањето на воените разузнавачки податоци нема да влијае врз соработката на Вашингтон со партнерите и сојузниците. Врз основа на разговорите што ги имав, не слушнав ништо што би влијаело на нашата соработка со сојузниците и партнерите, наведе Блинкен, додавајќи дека […]
Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове. По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум. […]
Тринаесет музичари загинаа откако автобусот со кој се превезувале излета од патот во западниот дел на Индија. Музичарите се враќале од градот Пуна, каде имале настап. Во сообраќајната несреќа повредени се 29 лица. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство и најави финансиска помош за семејствата на настраданите. Во Индија чести се сообраќајните несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе […]
Српската Влада на денешниот состанок усвои пакет мерки, што беше договрен меѓу претседателот Александар Вучиќ и косовските Срби на средбата во Рашка пред два дена, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Владата, пакет мерките опфаќаат пет точки, а во првата Србија бара итна реакција на меѓународната заедница кон косовските власти за прекинување […]
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа е извршено успешно тестирање на пресретнување на ракета со среден дострел од копно. Во соопштението се наведува дека тестот бил „од одбранбен карактер и не бил насочен кон ниту една земја“, без информации дали ракетите погодиле некој објект, колку биле истрелани и каде паднале. Таквите системи составени од […]