Бројот на луѓе за кои е потврдено дека ги загубиле животите во разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија во февруари, само во Турција, според владините податоци, се искачи на 50.782. „Меѓу нив има околу 7.300 странци“, изјави министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу за турската Си-Ен-Ен. Два силни земјотреси со јачина од 7,7 […]
Повеќе од 5.000 српски војници со 2.300 парчиња оружје и 60 воздухоплови на воениот аеродром во Батајница извршија приказ на се со што располага Војската на Србија на манифестацијата Гранит 2023, одржана по повод Денот на Војската на Србија. На манифестацијата покрај целиот државен врв на Србија предводен од претседателот Александар Вучиќ, беа и унгарскиот […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србите на Косово се наоѓаат во тешка ситуација поради тоа што нема да учествуваат на утрешните избори и дека по формирањето на новите локални власти ќе следи „целосна окупација“. „Нашиот народ утре мирно, одговорно и со презир ќе ги гледа тие што ќе ги довлечат од Јужна Митровица да […]
Претседателката на Косово, Вјоса Османи по повод утрешните избори за градоначалници на четири општини на северот на Косово изјави дека тие се важен момент за граѓаните од тој дел на Косово и за иднината на нивните општини. „Изборите се камен-темелник на секоја демократија, а денот на изборите е ден кога сите ќе го слушнат вашиот […]
Доналд Трамп го презеде водството во трката за номинација претседателски кандидат од републиканците, што засега се води меѓу него и гувернерот на Флорида, Рон Десантис, се дознава од анкетата објавена вчера од весникот „Волстрит журнал“. Поранешниот претседател на САД ја гради подршката низ повеќе делови на главниот електорат на републиканците на национално ниво, додека гувернерот […]
Праведно е пред да се формира влада, лидерите на сите партии да дадат коментар за буџетот и да кажат за што ќе гласаат. Ова го изјави лидерот на „Граѓани за европски развој на Бугарија“ (ГЕРБ), Бојко Борисов на прес-конференција во седиштето на партијата. На прес-конференцијата учествуваа претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС, Десислава Атанасова и […]
Политичката стабилност станува национална неопходност, а напредокот е единствениот пат за земјата, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео порака до граѓаните во пресрет на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по средбата со претседателката Катерина Сакеларопулу од која побара распуштање на Парламентот, Мицотакис им се обрати на граѓаните и […]
Европската унија оценува дека одржувањето на избори во мирни услови на северот на Косово е од суштинско значење и ги повикува сите страни на воздржаност, соопшти портпаролот на ЕУ, Петер Стано. „Многу е разочарувачки што Српската листа, која ги претставува косовските Срби, одлучи да не учествува на локалните избори планирани за 23 април во четири […]
САД во наредните недели ќе почнат да ги обучуваат украинските сили за тоа како да ги користат и одржуваат тенковите „Абрамс“, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Кон крајот на состанокот на претставниците на членовите на Контакт групата за одбрана на Украина, во американската воздухопловна база Рамштајн на југот на Германија, Остин им изјави […]
Спорадични пукотници доцна синоќа одекнуваа низ главниот град на Судан, Картум, иако завојуваните страни се согласија на прекин на огнот, додека едната страна рече дека е подготвена да отвори аеродром за евакуација на странски државјани. Обединетите нации, САД, Велика Британија, Јапонија, Швајцарија, Јужна Кореја, Шведска и Шпанија соопштија дека се подготвуваат или веќе се обидуваат […]