Најголем број бракови со малолетни девојчиња во светот се склучуваат во Јужна Азија, покажуваат новите податоци објавени денеска од УНИЦЕФ. Финансиските тешкотии и затворените училишта за време на пандемијата на Ковид ги принудуваат семејствата да ги вдомат своите ќерки и покрај нивната мала возраст, јавуваат светските агенции. Во регионот има 290 милиони „деца невести“, што […]
Рано изутринава се интензивираа воздушните напади врз цели во суданскиот главен град Картум, јави известувачот на ДПА од теренот, откако обидот да се воспостави 24-часовен прекин на огнот не успеа. Пукање се слушна и на петтиот ден од борбите меѓу ривалските војски. Примирјето требаше да започне во вторник во 18 часот и да трае 24 […]
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, кој порача дека Шведска очекува Србија да ја усогласи својата политика со партнерите од ЕУ и да воведе санкции против Русија, додека Вучиќ порача дека Србија ќе исполни се од договорот со Приштина, но само откако […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе го исполни својот дел од обврските од дијалогот со Приштина, но не пред другата страна да ја формира Заедницата на српски општини што е предвидено со Бриселскиот договор. „Нема игра во врска со тоа. Мора да го исполните, и само кога ќе го исполните, тогаш […]
Се очекува Индија да ја престигне Кина како најнаселена земја во светот до средината на оваа година, според процените на Обединетите нации. Населението на Индија ќе биде 1.4286 милијарди во споредба со 1.4257 милијарди во Кина, според извештајот за светското население на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Населението на Кина се намали минатата […]
Бугарија воведува привремена забрана за увоз на храна од Украина. Исклучок ќе има за стоката во транзит. Ова го соопшти техничкиот премиер Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница. Според него, значителни количини украинска храна останале во Бугарија. – Принудени сме да ја усвоиме оваа национална мерка, бидејќи одговорните европски власти сè уште размислуваат […]
Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана […]
Синдикатот на работниците во железницата и транспортот Е Фау Ге (ЕВГ) за в петок најави национален штрајк, а меѓу погодените превозници е и националниот железнички оператор Дојче Бан, јави ДПА. Штрајкот ќе opфати 50 компании и ќе трае од 03:00 часот по локално време до 11 часот, соопшти германската синдикална организација. Патниците треба да бидат […]
Росен Желјазков од ГЕРБ-СДС е избран за претседател на новиот бугарски Парламент, со 136 гласа „за“ и 94 воздржани. Никој не гласаше против, јави БТА. Другата номинација за претседател на Собранието ја предложи „Преродба“ – Петар Петров, но тој доби само 36 гласа „за“, 59 против и 139 воздржани. Росен Желјазков е роден на 5 […]
Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша денеска изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската Унија. „Во текот на оваа година, од јануари досега, 220 медицински сестри ја напуштија државата. Можам да кажам дека повеќе од 1.000 се очекува да го напуштат […]