Свет

ПО 3 ГОДИНИ: Кина ги отвора границите за странски туристи

Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Последната мерка за прекугранична контрола за Ковид-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата. Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба […]

Вести

Мелони: Совеста ми е чиста и покрај бродоломите на мигрантите

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека нејзината влада се соочила со страшни обвинувања по неколкуте бродоломи на бродови со мигранти, но дека нејзината совест е чиста. Британските медиуми јавуваат дека Мелони изјавата ја даде откако беше доведена во прашање способноста на официјален Рим да спасува мигранти на море. Италијанската премиерка зборуваше за миграцијата и […]

Вести

Павел: Украина полесно ќе влезе во ЕУ, отколку во НАТО

Чешкиот претседател, Петр Павел, денеска, за време на неговата посета на Словачка, изјави дека полесно ќе биде да се оправда влезот на Украина во Европската унија како економски, социјален и културен потег отколку воен, кога би била примена во НАТО. -Многу земји се согласуваат дека Украина треба да биде поканета во западниот блок што е […]

Вести

Советот на ЕУ за шест месеци ги продолжи санкциите против

Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица […]

Вести

ФБИ: Злосторствата од омраза во САД во 2021 година биле

Злосторствата од омраза во САД во 2021 година се зголемени за 11,6 отсто во споредба со 2020 година, а најчесто биле мотивирани од раса, етничка припадност или национално потекло, соопшти денеска ФБИ. Во својот нов извештај ФБИ соопшти дека бројот на пријавени инциденти од омраза се зголемил на 9.065 во 2021 година од 8.120 во […]

Свет

Лондон ги означи Кина за предизвик на светскиот поредок, а

Велика Британија денеска ја означи Кина како предизвик за светскиот поредок што ја дефинира епохата, наведувајќи дека Русија и натаму останува „најакутна закана“. Официјален Лондон во најновата надворешнополитичка рамка наведе дека безбедноста на Обединетото Кралство зависи од исходот на војната во Украина. Британските медиуми наведуваат дека британската Влада во најновиот документ предупредува на продлабочувањето на […]

Вести

Бурата „Фреди“ усмрти над 60 лица во Мозамбик и Малави

Тропската бура „Фреди“ во текот на викендот предизвика смрт на повеќе од 60 лица и повреди други десетици во Мозамбик и Малави, во вториот налет на истата бура што ја погоди јужна Африка во последниот месец. Светската метеоролошка организација смета дека бурата „Фреди“ е една од најсилните што некогаш биле регистрирани на јужната хемисфера и […]

Свет

Џентилони: Пропаѓањето на СВБ не е директна закана за европските

Колапсот на американската банка во Силиконската долина -СВБ (SVB) не претставува директна закана за европскиот банкарски сектор, но неговите индиректни последици треба да се следат, предупреди денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. -Мораме да ги следиме можните индиректни последици, но во овој момент мислиме дека тие не претставуваат значителен ризик, рече Џентилони. Европската централна банка […]

Свет

Британското разузнавање тврди дека забраната за регрутирање затвореници предизвикува проблеми

Можно е руската приватна воена компанија „Вагнер“ да пројавува проблеми во војната во Украина бидејќи не може да регрутира нови затвореници, проценуваат британските разузнавачки служби, јави ДПА. Британското Министерство за одбрана во серија твитови објави дека Москва му забранила на лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да регрутира платеници во затворите. Половина од досега регрутираните затвореници […]

Балкан

НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА: Полицијата бара за информации околу сторителите

Албанската полиција побара помош од граѓаните за апсење на сторителите на вооружениот напад во угостителски објект во Тирана и распиша награда во износ од 20 илјади евра за секој кој ќе даде корисна информација. -Државната полиција ги повикува граѓаните да дадат информации за сторителите на овој немил настан и нуди награда од 20.000 евра за […]