Свет

Фон дер Лајен: Русија ќе ја плати цената за војната

Високи функционери од Брисел денеска првпат во историјата на Евроблокот ќе разговараат со кандидат за членство во Европската унија на чија територија се води војна. Одлуката на Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел да дојдат во Киев со 15 еврокомесари на самитот ЕУ-Украина во време кога продолжува офанзивата на руските воени сили на истокот […]

Балкан

ТРАГЕДИЈА ВО СЛОВЕНИЈА – автобус со странски регистарски таблички излета

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус со странски регистарски таблички се случила на автопатот кон Марибор кај клучката Липовци, јавува словенечки 24ur.com. Три лица загинаа, а повеќе се повредени, соопшти полициското одделение Мурска Собота. Истрагата се уште е во тек. Foto: Sobotainfo

Балкан

Поранешниот претседател на „Самоопределување“ тврди дека Курти веќе одлучил да

Поранешниот претседател на движењето „Самоопределување“, Висар Имери синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веќе донел одлука за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека за тоа говорат шесте услови што Курти ги поставил за формирање на ЗСО. Имери оцени дека тоа е единствениот пат што го води „Косово напред, а на […]

Свет

ЕК вети нов пакет помош за Украина од 450 милиони

По состанокот на неколку еврокомесари со членовите на украинската Влада во Киев, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа соопшти за нов пакет помош за Украина во вредност од 450 милиони евра и други мерки за поддршка. „Европската унија денеска испраќа многу јасна порака до Украина и пошироко за нашата колективна сила и […]

Свет

Лула да Силва: Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека е сигурен дека неговиот претходник Жаир Болсонаро е „мозокот“ на нападот на владините згради на 8 јануари во главниот град на Бразил. Лула да Силва додаде дека на овој начин Болсонаро сакал да изврши државен удар. „Денес сфаќам и го кажувам јасно и гласно: овој граѓанин […]

Свет

Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната бугарска

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе ги претстави задачите и приоритетите на преодната влада, соопшти прес-службата на шефот на државата. Радев вчера донесе указ за назначување преодна влада од 3 февруари со премиерот Галаб Донев. Единствена промена во составот е министерот за култура – Најден Тодоров ја презема функцијата од професор Велислав Минеков. Престануваат овластувањата на преодната […]

Свет

ЦИА: Следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина

Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс, изјави дека разузнавачката агенција проценува оти следните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели. Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс исто така рече дека агенцијата верува дека кинескиот претседател […]

Балкан

Вучиќ најави дека Србија можеби ќе мора да воведе санкции

Србија можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, им порача претседателот Александар Вучиќ на парламентарните претставници со кои вчера имаше остар вербален конфликт, додавајќи дека не е среќен поради тоа, но дека Белград веќе ја плаќа цената што не го сторил тоа претходно. -Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе […]

Свет

Суд во Њујорк одобри конфискација на имотот на рускиот олигарх

Окружниот суд на САД во Менхетен, државата Њујорк, денеска донесе одлука дека американското обвинителство е овластено да го конфискува имотот на рускиот олигарх Константин Малофеев вреден околу 5,4 милиони долари, што би можел да се искористи за обнова на Украина. Пресудата на американскиот окружен судија Пол Гардоф е прва судска одлука за конфискација на имотот […]

Свет

Во САД околу илјада деца мигранти чекаат да бидат вратени

Американското Министерство за внатрешна безбедност (ДХС) денеска соопшти дека 998 деца мигранти и по две години се уште се разделени од своите родители. Децата се разделени од родителите и се сместени на американско-мексиканската граница за време на администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Според ДХС 148 деца се во процес на враќање кај нивните семејства.