Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат руската војна, која трае веќе 12 месеци. „Фирмите и бизнисмените кои превезуваат персонал и воена опрема со железница во име на државата агресор ќе бидат казнети“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање. Тој додаде дека конфискуваниот имот ќе се користи во […]
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави „силен“ и „цврст“ одговор на „тероризмот“ по двата палестински напади во Источен Ерусалим. „Нашиот одговор ќе биде силен, брз и прецизен“, рече Нетанјаху на вонредниот состанок на кабинетот за безбедност. „Не сакаме ескалација, но подготвени сме на секое сценарио“, додаде Нетанјаху. Во петокот вечерта, 21-годишен Палестинец пукал во случајни минувачи […]
Најмалку три лица загинаа, а стотици се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападниот дел на Иран, објави државната новинска агенција ИРНА. Како што е наведено, оштетени се згради во десетици градови, а повеќе од 440 луѓе се повредени. Земјотресот се случил во 21 часот и 44 […]
Хеликоптер кој е дел од флотата која ги превезува највисоките руски функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин, наводно се урнал при слетувањето во близина на Москва. – Хеликоптер Мил Ми-8 удри во земја при слетување на меѓународниот аеродром Внуково, лоциран во близина на главниот град на Русија, во петокот, објави руската државна новинска агенција Интерфакс. […]
Стотици климатски активисти блокираа еден од главните патишта во Хаг, во знак на незадоволство за ограничувањата што се наметнуваат врз правото на демонстрации. Демонстрантите, кои се собраа во близина на привремениот дом на холандскиот парламент, вееја знамиња со симболот на еколошката група „Бунт за истребување“. Тие бараат ослободување на шест активисти на здружението кои беа […]
Руски градежни работници почнаа со целосно демонтирање на населбата Азовија во градот Мариупол, окупирана од Русија, вклучително и неоштетени куќи, за да изградат „елитни“ станови, изјави советникот на градоначалникот Петар Андришченко. „Напролет московските градежници блиски до руската федерална влада ќе започнат со изградба на „елитни станови од економска класа“ како дел од програмата за недвижнини […]
Во САД викендов се одржуваат бројни, но претежни мирни протести по објавените видео снимки синоќа од страна на полицијата во Мемфис од задржувањето на Тајeр Николс, афроамериканец. Неколку денови по задржувањето, Николс почина во болница. Сите петмина полицајци вклучени во апсењето се афроамериканци, неделава беа отпушетни и обвинети за убиство од втор степен, напад и […]
Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година. По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците […]
Чешкиот премиер Петр Фијала денеска им честиташе на Чесите што го избраа пензионираниот генерал, поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО, Петр Павел (61), за нов претседател на земјата. „Победи граѓанскиот кандидат и вредностите што тој ги застапува, а тоа е многу важна вест во овие меѓународно и економски тешки времиња. […]
Хрватскиот шеф на дипломатијата Гордан Грлиќ Радман денеска е во посета на Хрватската куќа во Суботица и хрватската заедница на северот на Војводина и порача дека неговото доаѓање е можност да се разговара со претставниците на Србија за добрососедските односи меѓу двете земји. По посетата на Хрватскиот национален совет, министерот Грлиќ Радман ќе разговара со […]