Меѓународен панел на експерти денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник, велат извори од телото со седиште во Женева, пренесува Хина. На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека во […]
Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени. BREAKING: Terror attack in the #Jerusalem neighborhood of #NeveYaakov. Terrorist
Властите на Венеција ја одложија одлуката за наплата на билетите, која требаше да почне веќе овој месец, за шест месеци, „бидејќи навреме не биле обезбедени премините, што ќе го ограничи бројот на туристи кои можат да влезат во градот на дневно ниво”. Овој туристички бисер е еден од најпосетуваните градови во светот со седум милиони […]
Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили. Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје […]
Белата куќа денеска соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден за свој нов шеф на кабинет го избрал поранешниот координатор за коронавирус Џеф Зајентс. Британските медиуми наведуваат дека Зајентс доаѓа на местото на актуелниот шеф на кабинет, Рон Клајн, објави Ројтерс. Џефри Данстон Зајентс претходно, од февруари 2014 до јануари 2017 година, беше директор на Националниот […]
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави публикација која обезбедува ажурирана листа на лекови чии залихи треба да се подготват во случај на нуклеарна опасност и изложеност на радијација. Залихите треба да вклучуваат лекови кои ја спречуваат или намалуваат изложеноста на радијација, но и тие кои ги олеснуваат здравствените проблеми откако лицето веќе било изложено на […]
САД и Франција не ја исклучуваат можноста за испорака на борбени авиони на Украина, посочија денеска претставниците на двете земји. На прашањето дали Вашингтон ја разгледува таа опција, Џон Фајнер, заменик-советник за национална безбедност на американскиот претседател, за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си изјави дека ниту еден вооружен систем не е исклучен. Поддршката, вели тој, ќе биде прилагодена […]
Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули. Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 година, откако Русија ја изврши […]
Еден чувар загина, а две лица се повредени во пукање во Амбасадата на Азербејџан во Иран, соопшти полицијата, а Азербејџан нападот го оцени како чин на тероризам. Напаѓачот со „калашников“ го убил шефот на обезбедувањето, соопшти азербејџанското Министерство за надворешни работи. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, остро го осуди нападот додавајќи […]
Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското […]