Италијанската полиција рано изутринава во низа координирани акции уапси 56 лица, поради поврзаност со озлогласената мафијашка група „Ндрангета“ и заплени имот во вредност од околу 250 милиони евра. Обвиненијата со кои се соочуваат осомничените вклучуваат изнуда, киднапирање, трговија со оружје, корупција и измама… Франческо Месина, централниот директор на Одделот за криминал на Националната полиција, рече […]
Кремљ денеска ја осуди „директната вмешаност“ на Западот во конфликтот во Украина, по најавата за испорака на десетици европски и американски тенкови за Киев. „Од европските престолнини и од Вашингтон постојано пристигнуваат декларации дека испраќањето на различни системи за оружје, вклучително и тенкови, во Украина во никој случај не значи вмешаност на тие земји или […]
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вчера за првпат навести дека Белград може да го промени курсот и да воведе санкции против Русија, што е едно од клучните барања на ЕУ за Србија да напредува во преговорите за членство во Унијата. Во ексклузивното интервју за EURACTIV Србија, Дачиќ, кој е ветеран со повеќе […]
Во делови на Киев и во три други украински региони утрово превентивно е исклучена струјата поради новиот бран руски ракетни напади, соопшти приватната електроенергетска компанија ДТЕК. „Станува збор за превентивна мерка што ќе спречи големи оштетувања на електричната инфраструктура доколку непријателските проектили стигнат до целта“, објави компанијата на Телеграм. Освен во главниот град, исклучена е […]
Снежни бури проследени со поларни температури го зафатија Јапонскиот архипелаг, однесувајќи најмалку пет животи. Во делови од Јапонија температурата се спушти на рекордно ниско ниво, наместа и до 12 Целзиусови степени под нулата. Невремето предзивика сериозни потешкоткии во одвивањето на железничкиот и патниот сообраќај, со голомразица на многу патни правци. Илјадници луѓе мораа да ја […]
Руска ракета утрово погоди нестанбена зграда во областа Холосиев во Киев при што загина најмалку едно лице, а уште две се повредени, јави Киев Пост повикувајќи се на градоначалникот на Киев. Украинската воздушна одбрана утрово пресретнува руски напади откако московските сили истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина, соопшти украинското воздухопловство. Портпаролот на воздухопловните сили […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Скај Њуз изјави дека не е заинтересиран за средба со Владимир Путин за мировни преговори, велејќи дека рускиот претседател е „никој“. – Разговори би биле можни само ако Русија ги повлече своите војници, ја признае својата грешка и има нова влада во Москва, изјави Зеленски за британската телевизија […]
Невремето со обилен дожд и силен ветер предизвикало поплави и одрони на карпи на грчкиот остров Закинтос, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Противпожарната служба во текот на ноќта примила десетици повици за помош и интервенирала во поплавени домови, додека пак дождот предизвикал проблеми и на повеќе улици.
Русија утрово изврши уште еден масовен ракетен напад врз Украина, а експлозии се пријавени во Киев, Винитсија, Дњепар и Миколаев, јави „Киев Пост“. Според првичните извештаи, експлозиите се од украинската противвоздушна одбрана, а не од руски ракети кои погодиле цели. Системите за воздушна одбрана на Украина утрово соборија неодреден број руски ракети во четвртокот, информира […]
На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм, откако компанијата Мета објави дека ќе стави крај на двегодишната суспензија на неговите сметки, пренесува Sky News. Суспензијата ќе заврши „во следните недели“, рече Мета. Во изјавата, Ник Клег, претседателот за глобални прашања на Мета, рече дека јавноста „треба да може […]