Во недела на северот на Косово ќе има страшен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ, ден во кој официјално ќе биде обележан срамот на Европа и светот за тоа што го организираа и го прават, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва на ТВ Прва зборувајќи за изборите во недела во четири […]
Нема да бидам кандидат за премиер, изјави денеска претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по завршувањето на консултациите со бугарскиот претседател Румен Радев. -Половина од пратеничката група на ГЕРБ-СДС се министри и многу брзо може да се направи предлог владин кабинет, појасни Борисов. ГЕРБ-СДС имаат опција и за експертски и за партиски владин кабинет. -Убеден сум […]
Во пресрет на изборите следниот месец, портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому, поради тоа што ќе биде кандидат за пратеник на Нова демократија, ја напушти досегашната позиција, а на негово место доаѓа државниот министер Акис Скерцос, јави дописничката на МИА од Атина. Денешниот брифинг беше последен за Иконому, кој им се заблагодари на новинарите за […]
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на презентација на Програмата за развој на Јонските острови, соопшти дека в сабота „и официјално ќе започне предизборниот период со распуштање на Парламентот“ во пресрет на парламентарните избори на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Ова практично значи дека задутре, Мицотакис ќе се сретне со претседателката на […]
Портпаролката на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина, Ваљентина Гара, потврди дека попладнево добиле закана за бомба. – Потврдуваме дека добивме закана за бомба. Патниците и персоналот се евакуирани и безбедни. Тимовите вклучени во планот за вонредни состојби се ангажирани во извршувањето на нивните задачи, рече Гара. Како што пренесува Бета, ова е една од […]
Правниот акт на Европската унија (ЕУ) за либерализација на визите за Косово беше потпишан денеска во Брисел. Како што јави Радио Слободна Европа, правниот акт со кој Косово се додава на листата на земји за кои не е потребна влезна виза за земјите од Западна Европа, го потпишаа претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и […]
Министерот за надворешни работи на Шведска, Тобијас Билстром, во Белград изјави дека Србија мора да се усогласи со политиката на Европската унија кон Русија, дека мора да спроведе реформи и дека се очекува да се применат сите норми од договорот и анексот на договорот со Приштина. „Руската инвазија на Украина суштински ја промени безбедноста на […]
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Шведска, Тобијас Билстром, кој порача дека Шведска очекува Србија да ја усогласи својата политика со партнерите од ЕУ и да воведе санкции против Русија, додека Вучиќ порача дека Србија ќе исполни се од договорот со Приштина, но само откако […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија ќе го исполни својот дел од обврските од дијалогот со Приштина, но не пред другата страна да ја формира Заедницата на српски општини што е предвидено со Бриселскиот договор. „Нема игра во врска со тоа. Мора да го исполните, и само кога ќе го исполните, тогаш […]
Грчката полиција разби криминална организација на Крит која нелегално поседувала и продавала археолошки антиквитети, при што уапсени се шест лица, а откриени и запленети се над 90 ретки археолошки предмети, чија вредност надминува еден милион евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека криминалната организација постоела најмалку три години, била формирана […]