Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатија на одредената локација за […]
Во понеделник, 9 јуни 2025 година, во ОУ „Мурат Лабуништи“ – Лабуништа се одржа традиционалниот Бајрамски Базар 2025. Учениците, наставниците и родителите заедно подготвија слатки, солени јадења и рачни изработки, кои беа изложени и продавани. Настанот помина во празнична и топла атмосфера, обединувајќи ја заедницата во духот на хуманост, креативност и заедништво.
Почитувани спортисти, љубители на фудбалот, ни претставува чест и задоволство да ви го најавиме турнирот во мал фудбал „Меморијален турнирЛабуништа“ 2025 година во чест на Башким Салкоски, Шериф Сефиданоски, и Беким Бајрамоски. Турнирот започнува на 15.06.2025, а пријавувањето трае до 13.06.2025. Телефон за контакт: 075 388 559. Учество: 7000 денари. Сите оние кои уживаат во […]
Од ЕВН Македонија информираат дека на ден 30 мај 2025 година (петок), поради планирани технички зафати, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија за дел од корисниците во село Лабуништа, во правец кон бензинската пумпа. Прекинот ќе трае во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Се препорачува граѓаните навремено да ги планираат своите обврски.
На 23.05.2025 во 10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Луково-Струга настанал пожар во возило „фиат пунто“ со германски македонски ознаки во движење , управувано од македонскиот државјанин Д.П.(41) со привремено живеалиште во Сојузна Република Германија. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Нептун продолжува да нуди модерно и достапно технолошко искуство за своите купувачи. На 23 мај 2025 година (петок) со почеток во 10:00 часот, ќе се отвора новата продавница на во Струга, лоцирана во рамки на Набизи Ритеил Парк – најновиот и најголем трговски центар во тој регион. Новата продавница на Нептун е дизајнирана во согласност […]
Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот сектор Министерството за животна средина и просторно планирање ќе изработи Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје. Планината Јабланица е природно богатство со […]
На 09.05.2025 во 06.35 часот полициски службеници од ОВР Струга на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, го лишиле од слобода И.М.(36) од Струга. Тој претходно, пред казино лоцирано во населбата „Плитишта“ во Струга, управувајќи мотоцикл, излетал од патот, а по преземени мерки, полициските службеници констатирале дека мотоциклот го управувал под дејство на алкохол, односно со […]
Струга – Осуденици во Казнено-поправната установа во Струга започнаа штрајк во знак на протест поради укинување на викендите, за кои тврдат дека имаат законско право. Според нив, оваа одлука е донесена без најавa, правно образложение или објаснување од надлежните. Информациите од внатрешни извори упатуваат на тоа дека укинувањето на викендите е спроведено спротивно на важечките […]
Струга – Малолетно лице од Тетово завршило во неконтактибилна состојба во Медицинскиот центар во Струга, откако консумирало алкохолни пијалаци кои, како што информира СВР Охрид, ги набавило од продажен објект во градот. По настанот, поднесена е кривична пријава против правното лице, управителот и вработен во објектот. Според соопштението на СВР Охрид, Основното одделение за внатрешни […]