Од вкупно 1.000 барања за ослободување на замрзнат руски имот поднесени до надлежните белгиски владини служби разгледани се околу 300, потврди денеска шефот на белгискиот државен трезор Александар Де Гист во интервју за весникот „Соар“. Една од примарните задачи на тимот за спроведување на финансиските санкции на нашата администрација е да ги разгледува барањата за […]
На 12 април во Вашингтон ќе се одржи нова рунда преговори за миграцијата помеѓу САД и Куба, најавија американските власти. Слична средба беше одржана во ноември минатата година во Хавана, една година откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го рестартираше дијалогот со официјална Хавана, што беше суспендиран за време на неговиот претходник Доналд Трамп. Амбасадата на САД во Хавана продолжи […]
Очигледното протекување американски разузнавачки документи претставува „многу сериозен“ ризик за националната безбедност на САД, соопшти Пентагон. – Документите што кружат на интернет претставуваат „многу сериозен ризик за националната безбедност и имаат потенцијал да шират дезинформации“, изјави денеска Крис Мегер, помошник на секретарот за одбрана за јавни работи. Украина промени дел од своите воени планови по […]
Русија и Украина разменија голем број воени заробеници откако Москва се согласи да ослободи 100 Украинци во замена за 106 Руси. Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Володимир Зеленски, објави на Телеграм дека меѓу ослободените украински воени затвореници има бранители на Мариупол и фабриката Азовстал. Руското Министерство за одбрана соопшти дека заробените војници биле разменети по преговори. […]
Членовите на мексиканскиот безбедносен кабинет ќе разговараат оваа недела во САД со американски официјални претставници за спречување на шверцот на синтетичкиот опијат фентанил, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. Тој додаде дека на состанокот ќе се разговара и за други теми, вклучително и трговијата со оружје. Членови на американскиот парламент ја повикуваат администрацијата на Џо […]
Шест лица загинаа денеска меѓу кои и еден полицаец, во вооружен инцидент во центарот на американскиот град Луисвил, во сојузната држава Кентаки, јави Си-ен-ен. Во престрелката помеѓу напаѓачот и полицијата повредени се шест луѓе. Според Си-ен-ен, напаѓачот е убиен. Полицијата упати предупредување до жителите да не се приближуваат до тој дел од градот.
Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години. Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование […]
Американскиот претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира за претседател во 2024 година, но дека „сè уште не е подготвен да го објави тоа“. За време на неформален разговор при велигденската церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на колку настани има намера да учествува во претседателската резиденција, тој рече дека […]
Бројот на загинатите во лавина на француските Алпи денеска се искачи на шест, а меѓу загинатите има и двајца планинарски водичи, соопштија локалните власти. Канцеларијата на обвинителството во Боневил, во департмантот Горна Савоја, наведува дека телото на шестото лице е пронајдено откако потрагата продолжила денеска по лавината која се случи вчера. Едно лице е префрлено […]
Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој се лекува во болница поради инфекција на белите дробови предизвикана од хронична леукемија, постепено се подобрува, соопштија денеска неговите лекари. „Во текот на последните 48 часа има прогресивно и постепено подобрување на функциите на органите кои се следат“, велат лекарите Алберто Зангрило и Фабио Цицери во […]