Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека запленила 700 килограми кокаин во вредност од над 2,5 милијарди рубљи, кој бил прошверцуван од една латиноамериканска земја со намера да биде префрлен во Европската унија. Федералната служба за безбедност спречила обид на меѓународна криминална група да ја искористи руската територија за транзит и продажба на дрога, […]
Околу 27 часа откако се запали, големиот пожар што уништи неколку магацини и го покри пристанишниот град Хамбург со црн чад сè уште не е изгаснат, соопшти денеска портпаролот на локалната полиција. Тој додаде дека денеска продолжуваат операциите за гаснење на огнот. Причината за пожарот и вредноста на оштетениот имот остануваат непознати, изјави портпаролот. Во […]
Две тела се пронајдени под урнатините на зградата што се урна вчера во Марсеј по силна експлозија, соопштија денеска француските власти, додека спасувачите трагаат по уште најмалку шест лица. Телата се пронајдени околу 24 часа откако при експлозијата се урна четирикатна зграда во тој град на Средоземното Море. Операциите за пребарување и спасување продолжија во […]
Твитер ги означи американското Национало јавно радио Ен-пи-ер (NРR) и британскиот јавен радодифузер Би-би-си како медиумски куќи „финансирани од владата“, откако првично Ен-пи-ер беше означен како „медиум поврзан со државата“, што укажува на недостаток на уредувачка независност. Промената во начинот на кој Твитер се однесува кон Националното јавно радио (NPR), со седиште во Вашингтон, се […]
Американскиот автомобилски бренд „Тесла“ отвора мегафабрика во Шангај, соопшти на Твитер производителот на електрични автомобили. Фабриката ќе може да произведува 10.000 мегабатерии годишно, многу големи батерии што се користат за складирање на електричната енергија доволна за широка потрошувачка. Компанијата ја најави новата фабрика со фотографија од потпишувањето на договорот во Кина. „Тесла отвора фабрика за […]
По минатонеделното објавување на десетиците доверливи документи на Пентагон, Украина смени некои од своите воени планови. Во документите што добија јавност се проценува силата на руската воена машинерија, но и се навестуваат критичните недостатоци на украинската армија. Додека украинските власти ги отфрлија документите како „лажни“, американските власти и за „Њујорк Тајмс“ и за Си-ен-ен потврдија […]
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека не е во интерес на Европа да ескалира кризата околу Тајван и оти треба да продолжи со стратегија која е независна и од Вашингтон и од Пекинг. Макрон викендов се врати од тридневната државна посета на Кина, каде што беше срдечно пречекан од кинескиот претседател Си Џинпинг. Кина во […]
Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД. Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, […]
Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти. Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс. -Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека ќе има мир во Украина до Велигден следната година, обраќајќи им се на Украинците откако многумина во земјата го прославија Велигден по вторпат од почетокот на руската инвазија. – Идната година Цветници нека помине во мир и слобода за целиот наш народ, рече украинскиот претседател во својата дневна […]