Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, под притисок поради корупциски скандал во неговото министерство, ќе биде преместен на друга позиција во владата, изјави синоќа претседателот на клубот на претставници на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Давид Арахамиа, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот, рече дека Министерството за одбрана ќе го […]
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 237 лица во областите под контрола на претседателот Башар ал Асад. Бројот на повредени достигна 639. Се очекува бројот на загинати да продолжи да се […]
Руските сили во Украина регрутираат осуденици од казнените колонии во окупираните региони на Украина за да помогнат во нивните воени активности, се вели во извештај на украинската војска. „За да ги надомести загубите во работна сила, непријателот се обидува да привлече осудени жени да учествуваат во војната. За една недела окупаторите регрутираа околу 50 жени […]
Најмалку осум лица загинаа, а околу 35 се повредени, од кои четворица се во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал од автопат во западниот турски округ Афјонкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми, пренесе Танјуг. Возачот изгубил контрола над возилото, изјави Џигитбаси. Патничкиот автобус сообраќал од Дијарбакир на истокот на земјата кон […]
За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка на терористички напади врз шведскиот и холандскиот конзулат во тој град и врз верските објекти, пренесува агенцијата DHA. Опасноста од терористички напади сепак не е потврдена, јавува ТВ каналот ТРТ. Утврдено е дека уапсените имаат […]
Американската војска соопшти дека ќе се обиде брзо да ги пронајде клучните елементи на кинескиот шпионски балон меѓу остатоците во близина на брегот на Јужна Каролина, откако беше соборен од борбен авион Ф-22. „Потрагата е во тек. Колку време ќе потрае останува да се утврди“, изјави за новинарите висок претставник на американската одбрана, додавајќи дека […]
Обилниот снег предизвика несреќи и големи прекини на електричната енергија во Словачка, Чешка и Полска, каде денеска најмалку две лица загинаа во временските услови. Во Цисиец, на југот на Полска, во близина на границата со Словачка, една постара жена загина откако дрво паднало врз нејзиниот дом за време на невремето. -Пожарникарите ја пронашле пензионерката во […]
Хакерски тим поддржан од иранската влада наводно украл и објавил приватни податоци за клиенти кои му припаѓаат на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, соопштија денеска од Мајкрософт. Сатиричниот магазн беше хакиран во почетокот на јануари, откако објави серија карикатури кои негативно го прикажуваа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи. Карикатурите беа дел од медиумската кампања […]
Полицијата во неколку земји од Европската унија открила шифрирана апликација за пораки што ја користеле криминалните банди, соопшти вечерва холандската полиција, додавајќи дека се уапсени 42 лица и дека биле откриени лаборатории за производство на дрога, лекови, пари и оружје. Рации биле спроведени во Белгија, Германија и Холандија по повеќе од две години истрага, што […]
Француското претседателство денеска одобри да се разгледа можноста за продолжување на животниот век на нуклеарните реактори до 60 или повеќе години, доколку дозволуваат безбедносните прописи. Информацијата уследи откако претседателот на Франција, Емануел Макрон претседаваше со првиот од низата состаноци за нуклеарна политика. Макрон претходно ги објави плановите за изградба на најмалку шест нови реактори до […]